Стар Екс Ју Ретро радио каналот е специјализиран за љубителите на поранешната југословенска поп рок музика која се произведуваше, слушаше во седумдесетите, осумдесетите и девдесетите и која се слуша и денес. На овој канал ги презентираме најдобрите хитови од тоа време кои на многумина им значат убави спомени и кои со задоволство сакаат да ги слушаат пак и пак до бескрај. Преку овој канал веруваме дека ќе допреме до Вас и ќе бидеме причина за подобро расположение и насмевка. Овој радио канал официјално е пуштен на 8 август 2021 година. Уживајте!
